СОВРЕМЕНИТЕ ЗАКАНИ БАРААТ ЗАЕДНИЧКИ ОДГОВОР ОД СОЈУЗНИЦИТЕ Муцунски од Вашингтон предупреди на подемот на политичкиот тероризам

Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици, порача шефот на македонската дипломатија од Вашингтон, каде се одржа состанок на тема координација против растечкиот политички тероризам во светот.

148

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото.

Вака објави на Фејсбук шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски од Вашингтон. Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам.






„Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици. Настанот е значајна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап“, напиша Муцунски.

Поврзани содржини