МАКЕДОНИЈА САМА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ СО ПРЕСТОЈОТ ВО ЕУ Со шест земји од ЕУ се потпишани или се пред потпишување договори за продолжени работни дозволи

Вицепремиерот информира дека договори се потпишани со Швајцарија, Хрватска и Романија ,а во завршна фаза се преговорите со Словенија, Австрија и Германија.

69

Вицепремиерот Александар Николоски и денеска повтори дека проблемот на професионалните возачи од земјава со системот за влез и излез во шенген зоната владата го решава самостојно и веќе има резултати од преговорите со шест земји од ЕУ околу воведување долгорочни работни дозволи.

– Разговорите ги водиме билатерално и така ќе продолжиме. Се договоривме со Швајцарија и со Хрватска. Во финална фаза сме да постигнеме договор и со Словенија. Исто така се договоривме и со Романија и во финална фаза сме на постигнување договор со Австрија и и со Германија – информира Николоски.






Тој додаде дека во Грција и во Србија како прекугранични земји не се бројат деновите на престој.

-Со ова , може да се реле, дека проблемот на нашите професионални возачи е решен – рече Николоски.

Тој ги повика професионалните возачи да не наседнуваат на информациите кои доаѓаат од другите земји, бидејќи владата го решава проблемот.

 

Поврзани содржини