📽️ ОЛИВЕР ПОВТОРНО СИ ИГРАШЕ СО КАПАЧИТЕ Омилениот делфин од Јадранот ги воодушеви сите
Познатиот јадрански делфин Оливер повторно се појави меѓу капачите во Хрватска. Делфинот два часа се дружел со луѓе и си играл со деца во морето.
Познатиот јадрански делфин Оливер повторно ги израдува капачите откако се појави во близина на плажа во далматинскиот град Новиград, Хрватска.
Според сведоштвата на локалните жители, делфинот во вторникот попладне поминал речиси два часа во друштво на капачите, пливајќи околу нив и играјќи во близина на брегот.
Оливер особено го привлекол вниманието на најмладите. Освен што си играл со топка во водата, тој следел и даска за веслање (SUP) на која имало деца. Целата сцена била снимена од една посетителка на плажата.
Ова не е првпат Оливер да се појави меѓу луѓето. Само еден ден претходно, во понеделникот, тој ги воодушевил и капачите во Масленица.
View this post on Instagram
Многумина од локалното население велат дека станува збор за добро познат делфин кој често се приближува до луѓето и дека веќе со години го забележуваат во овој дел од Јадранот.
Средбите со делфинот Оливер редовно предизвикуваат големо внимание кај посетителите, кои ги споделуваат снимките од неговите игри во морето.