ПРОСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА ОД СЕПТЕМВРИ Се чека да се усогласи објавата на статистичките податоци со терминот за објава на кошничката

Заменик министерот за економија Маријан Ристески рече дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка што ја пресметуваат синдикатите.

41

Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Ристески рече дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка на ССМ.






– Да повторам по не знам кој пат, дека просечната потрошувачка кошничка не е пандан на минималната потрошувачка кошничка, која не е минимална, ја објавуваат синдикатите според некои нивни параметри. Оваа кошничка нам ќе ни користи за водење исправни економски политики, носење исправни закони, одлуки и мерки, базирани на добро обработени статистички податоци -подвлече Ристески.

Поврзани содржини