📽️ СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ БУЛЕВАР Трасата на Борис Трајковски речиси целосно пробиена

Трасата на булеварот Борис Трајковски кон Драчево е речиси целосно пробиена. Од Град Скопје велат дека по завршувањето на проектот повеќе од 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири сообраќајни ленти.

269

Град Скопје соопшти дека градежните работи се одвиваат според планираната динамика, а по завршувањето повеќе од 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири ленти, велосипедски и пешачки патеки.

Градежните работи на булеварот Борис Трајковски кон Драчево се одвиваат со засилено темпо, а трасата е речиси целосно пробиена, соопштија од Град Скопје. Станува збор за еден од најголемите инфраструктурни проекти во главниот град, кој со години беше меѓу најголемите барања на жителите од овој дел на Скопје.






Од Градот велат дека проектот се реализира според предвидената динамика и дека по неговото завршување повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и побезбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура.

„Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот. Реализацијата на овој капитален проект претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура“, соопштија од Град Скопје.

Од таму потсетуваат дека булеварот Борис Трајковски повеќе од три децении беше симбол на неисполнети ветувања, недовршени работи и секојдневни сообраќајни проблеми.

Со завршувањето на проектот се очекува значително да се подобри проточноста на сообраќајот кон Драчево, како и безбедноста за возачите, велосипедистите и пешаците.

Поврзани содржини