📽️ ПЕТЕР МАЃАР УЖИВА НА СКУТЕР ВО ТУРСКИТЕ ВОДИ Се пофали дека сè сам си платил
Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во Турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб, напиша новиот премиер на Унгарија под снимката која стана вирална.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар по самитот на НАТО во Турција останал на краток одмор во Анталија со своите синови. Маѓар на социјалните мрежи објави видео на кое вози скутер на вода, се спушта по воден тобоган и шета по плажа.
Пред официјалниот собир на НАТО, тој ги посетил Истанбул и Коџаели, каде што ја обиколил спомен-куќата на унгарскиот водач Имре Текели.
Откако снимката предизвика критики во Унгарија, премиерот нагласи дека станува збор за приватно патување.
„Мало посебно издание за пропагандистите. Продолжениот викенд го поминав во Турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар.
Тој претходно најавил дека по самитот ќе помине четири дена на турскиот брег со своите деца и дека сите трошоци ќе ги покрие приватно.
Маѓар додаде дека не користел буџетски средства ниту воен авион, туку патувал со редовна комерцијална авионска линија.