ИМ „СКОКНА“ ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ, ПА ИМ „ЛЕТНА“ ОД ДРЖАВАТА Меѓународна потерница за бегалецот од Кочани кој избега од полициска станица

По барање на Основниот суд во Кочани, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров, кој пред неколку дена успеа да избега од Полициската станица во Кочани додека беше задржан.

390

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Александар Лазаров (41) од Кочани, кој пред неколку дена избега од Полициската станица во Кочани.

Како што информира МВР, Лазаров, син на Методи и Даринка, се бара по централна и меѓународна потерница, по барање на Основниот суд во Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.






Случајот привлече големо внимание откако 41-годишниот кочанчанец успеа да избега од полициските простории додека бил задржан за распит.

Според претходните информации на МВР, на 9 јули околу 23:55 часот, на влезот во виничкото село Истибања, полициски службеници од ОВР Кочани, ОВР Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани.

При преглед на патничко возило „субару“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј., а во кое се наоѓал и Лазаров, полицијата пронашла и одзела бела прашкаста материја.

Ден подоцна, на 10 јули во 20:35 часот, додека бил задржан во Полициската станица во Кочани, Лазаров успеал да избега.

„Лицето А.Л., кое претходно било задржано поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, од една просторија отворило прозорец и избегало“, соопштија тогаш од Министерството за внатрешни работи.

По неколкудневната потрага, МВР сега ја прошири потрагата и надвор од границите на државата, распишувајќи меѓународна потерница за негово пронаоѓање.

ГО ЧУВАЛЕ ВО СТАНИЦА, ТОЈ ОТВОРИЛ ПРОЗОРЕЦ И ПОБЕГНАЛ Полицијата во потрага по 41-годишен кочанчанец фатен со дрога

Поврзани содржини