🎥 И ПОРАНЕШНИОТ КАНАДСКИ ПРЕМИЕР САКА ДА БИДЕ СРЕЌЕН Џастин Трудо рипка во промотивното видео за новата песна на Кејти Пери

Пејачката објави промотивно видео за новиот сингл со опис: Древните текстови велат дека ако скокате на оваа песна, ќе имате 1.000 години среќа. Во видеото накратко се појавува и нејзиниот партнер кој американските десничари го критикуваат дека изгледа како кловн.

62

Промотивното видео за новиот сингл на американската пејачка Кети Пери, „Watch It Burn“, предизвика негативни реакции поради кусото појавување на нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, кој потскокнува во ритамот на песната.

Пејачката видеото го објави со описот: Древните текстови велат дека ако скокате на оваа песна, ќе имате 1.000 години среќа.






Па така, додека на снимката Кети Пери најпрво скока со членовите на својот тим, потоа, на неколку секунди се појавува и Трудо, кој потскокнува во ритамот на песната.

@katyperry

ancient texts say that if you hop to this song you will get 1,000 years of good luck

♬ Watch It Burn – Katy Perry

Ова предизвика критики кај поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп и движењето „Make America Great Again – MAGA.

Ова беше предмет на коментари и во американската телевизиска емисија „Фокс енд френдс викенд“, каде што водителот Гриф Џенкинс вели: Што правиш, човеку? Возрасен маж од 54 години танцува во видеото на својата девојка Кети Пери!

Негативни коментари се појавија и на социјалната мрежа Икс, каде што дел од корисниците го исмеваа поранешниот канадски премиер поради неговото учество во видеото.

Џастин Трудо и Доналд Трамп имаа затегнати односи уште за време на првиот претседателски мандат на Трамп. Американскиот претседател во повеќе наврати јавно го нарече Трудо „слаб“ и „неискрен“, а двајцата често беа на спротивставени позиции околу односите меѓу САД и Канада.

Поврзани содржини