📽️ ХАЛАНД „СКРШЕН“ ОД ЕЛИМИНАЦИЈАТА, БЕСЕН ЗА ФАУЛОТ Ако е ова прекршок, тогаш тоа врз мене го прават во секој напад!

Норвешкиот голгетер жестоко го критикуваше судењето по поразот од Англија. Истовремено порача дека настапот на Светското првенство засекогаш ги променил и него и цела Норвешка.

406

„Викингот“ Ерлинг Халанд не го криеше разочарувањето по елиминацијата на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство.

Норвежаните загубија со 2:1 по продолженијата, а најмногу реакции предизвика ВАР-одлуката со која беше поништен голот на Торбјорн Лисакаер Хегем по наводен прекршок врз Елиот Андерсон.






– Искрено, се чувствувам празно. Мислам дека заслуживме повеќе. За мене тоа не беше прекршок. Голот беше поништен затоа што наводно сум го оттурнал Елиот Андерсон, а мене така ме оттурнуваат во секој дуел. Останува горчлив вкус – изјави Халанд за ТВ2.

Напаѓачот на Норвешка смета дека судискиот критериум бил недоследен.

– Ако е тоа прекршок, тогаш јас треба да добивам слободен удар во речиси секој дуел, на секој натпревар. Постојано ме влечат и ме туркаат. На Светско првенство одлучуваат ситници. Против Бразил успеавме да ги свртиме таквите ситуации во наша корист, но денес сите спорни одлуки отидоа против нас – додаде Халанд.


Незадоволен беше и играчот за врска Сандер Берге.

– Ако ова е критериумот, тогаш јас треба да добивам пенал секоја недела во Премиер лигата – рече Берге.

Норвежаните се сомневаат и во регуларноста на израмнувачкиот гол на Џуд Белингам, тврдејќи дека топката можеби ја допрела жицата од системот „Спајдеркам“ пред акцијата што заврши со погодок.

И покрај болната елиминација, Халанд порача дека ова е најпосебниот период во неговата кариера.

– Беше неверојатно. Резултатите се едно, победата против Бразил е нешто посебно, но начинот на кој ја вративме Норвешка на фудбалската мапа е она што навистина ме погоди. Мислам дека ова ја промени Норвешка. Мислам дека и мене ме промени – рече Халанд.

Поврзани содржини