ГО СИМНАЛ ОПШТИНСКОТО ЗНАМЕ ПА ГО ЗАПАЛИЛ Приведен 43-годишен Словенец за инцидентот пред Општина Прилеп

Според МВР, 43-годишен државјанин на Словенија бил приведен откако пред зградата на Општина Прилеп го симнал и го запалил општинското знаме.

223

Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија, откако, според информациите од Министерството за внатрешни работи, го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп.

Од МВР информираат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп.






„На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј. (43) од Република Словенија, бидејќи го извадил знамето на Општина Прилеп и го запалил“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека по целосното документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини