ПОРОЕН ДОЖД, ПА ЖЕШТИНИ ДО 34 СТЕПЕНИ Времето до крајот на седмицата ќе биде стабилно со мали изненадувања

Во петок и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

67

Времето утре, 10 јули, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.






Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во петок и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Поврзани содржини