ИСЕЛЕНИЦИТЕ ИМААТ ДЕМОКРАТСКО ПРАВО НА ГЛАС Тоа не смее да биде жртва на калкулаците на СДСМ, Левица и на ДУИ

Како ВМРО-ДПМНЕ, им порачуваме на СДСМ, Левица и на ДУИ, како што се договорија да го блокираат, да седнат и да се договорат што сакаат од Изборниот законик, а како владејачко мнозинство ќе прифатиме сѐ што ќе побараат, се вели во соопштението.

44

Демократското право на глас на иселениците и Изборниот законик, не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации на СДСМ, Левица и ДУИ – порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Јавноста во Македонија е сведок на целосна конфузија предизвикана од опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ. Првиот ден седнуваат и се договараат за Изборниот законик, а веќе следниот ден, откако ќе преспијат, го блокираат истиот закон за кој првично постигнале договор. Во јавноста пласираат одредени тези, а зад затворени врати, всушност, преговарале и преговараат за сосема други прашања.






Наместо да учествуваат во носењето на Законот со кој ќе се зголемат демократските права за остварување на уставно загарантираното право на глас, оваа дезориентирана опозиција, сака враќање назад и намалување на правото на глас на дијаспората.

Како ВМРО-ДПМНЕ, им порачуваме на СДСМ, Левица и на ДУИ, како што се договорија да го блокираат, да седнат и да се договорат што сакаат од Изборниот законик, а како владејачко мнозинство ќе прифатиме сѐ што ќе побараат, само да се прошири и унапреди правото на глас и дијаспората да гласа по пошта или електронски. Демократското право на глас на македонските иселеници и Изборниот законик, воопшто, не смеат да бидат жртви на дневнополитички калкулации“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини