ПОЧНУВА БИТКАТА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ Французите фаворити, Мароко подготвува ново изненадување

Првиот четвртфинален натпревар го играат Франција и Мароко во Бостон, додека победникот ќе се сретне со подобриот од дуелот Шпанија – Белгија.

0

До крајот на Светското првенство во фудбал остануваат уште осум натпревари, што значи дека Мундијалот влегува во својата завршна фаза. Денеска започнуваат четвртфиналните пресметки, а први на терен ќе излезат Франција и Мароко во натпреварот што ќе се игра во Бостон со почеток во 22 часот.

Светскиот шампион од 2018 година, Франција, важи за фаворит, но Мароко е репрезентацијата од која многумина очекуваат ново големо изненадување по одличните настапи на турнирот.






Победникот од оваа средба во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од четвртфиналниот дуел меѓу Шпанија и Белгија, кој ќе се игра утре во Лос Анџелес.

Во вториот дел од ждрепката, Норвешка и Англија ќе се соочат во европско дерби во Мајами, а победникот ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Аргентина и Швајцарија.

Во четвртфиналето се пласираа шест европски репрезентации, актуелниот светски шампион Аргентина и Мароко како единствен африкански претставник меѓу најдобрите осум селекции.

Полуфиналните натпревари се закажани за 14 и 15 јули, мечот за третото место ќе се игра на 18 јули, а големото финале е на програмата на 19 јули на стадионот во Њу Џерси.

Поврзани содржини