„ФОСТЕР“ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ДОСТАПЕН БЕЗ ДОПЛАТА Министерството за здравство со добра вест за пациентите

Министерството за здравство соопшти дека компанијата носител на одобрението најавила брза повторна достапност на лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа и ќе биде без доплата.

49

Лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, во најскоро време повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата, информира Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека биле известени од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот дека се преземаат активности за негово повторно обезбедување на пазарот.






„Фостер“ е дел од позитивната листа, што значи дека пациентите ќе можат повторно да го добиваат без дополнителен финансиски трошок веднаш штом биде повторно достапен.

Од Министерството за здравство посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон подобрување на достапноста на лековите и обезбедување поприфатливи цени за граѓаните.

„И натаму ќе спроведуваме активности со кои ќе се овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени за граѓаните“, соопштија од Министерството за здравство.

Поврзани содржини