БРЕМЕНАТА ЕН ХАТАВЕЈ ГИ ПРИВЛЕЧЕ СИТЕ ПОГЛЕДИ ВО ПАРИЗ Актерката блескаше на париската премиера на „Одисеја“

43-годишната актерка, која ја игра Пенелопа блескаше на париската премиера на „Одисеја“ облечена  во темно син фустан што го истакна нејзиниот труднички стомак.

74

Ен Хатавеј, која минатиот месец објави дека го очекува своето трето дете, е зафатена со своите работни обврски. Актерката блескаше на париската премиера на „Одисеја“ облечена  во темно син фустан што го истакна нејзиниот труднички стомак.

43-годишната актерка, која ја игра Пенелопа во филмот, носеше креација која се врзува околу вратот. Фустанот беше украсен со светкави златни детали што личеа на ноќно небо, а Хатавеј ја дополни комбинацијата со отворени златни сандали со потпетици и соодветни нараквици.






Таа им мавташе на фановите кога пристигна на премиерата, а на црвениот тепих ѝ се придружија и колешките Зендаја, Том Холанд, Лупита Њонго и Шарлиз Терон.

За актерската екипа неделата беше исполнета со обврски со оглед на тоа што светската премиера на филмот се одржа во Лондон. И таму Хатавеј покажа беспрекорен моден вкус во син лелеав фустан, а целокупниот изглед го нагласи со светло црвен кармин.

Филмот „Одисеја“ во режија на Кристофер Нолан е адаптација на античкиот грчки еп на Хомер што го следи истоимениот грчки крал на опасно патување дома по Тројанската војна, во обид повторно да се соедини со својата сакана сопруга Пенелопа. Во филмот глумат и Мет Дејмон, Роберт Патинсон и Тревис Скот.

55-годишниот Дејмон го игра главниот лик – Одисеј, додека Хатавеј ја игра неговата лојална кралица, која во текот на отсуството на нејзиниот сопруг е принудена да ги одбива потенцијалните додворувачи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

Ен Хатавеј со својот сопруг Адам Шулман (45), веќе има два сина, десетгодишниот Џонатан и шестгодишниот Џек, а својата трета бременост ја објави на социјалните мрежи кон крајот на јуни.

На Инстаграм, таа им го покажа своето трудничко стомаче на своите обожаватели позирајќи во бел топ и макси здолниште. На фотографијата ја додаде песната од Барбара Луис „Baby, I’m Yours“ и го искористи насловот како опис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hathaway (@annehathaway)

– Знам дека не секој што сака да биде родител може да го оствари тоа. Едноставно сум вчудоневидена колку сум среќна – изјави актерката за People во април. За своите претходни бремености призна: – Двапати помина добро и тоа е навистина среќа.

Хатавеј, исто така, го пофали својот сопруг, за кого се омажи во 2012 година, истакнувајќи дека тој држи сè под контрола додека таа работи.

– Имам голема среќа што го имам како мој животен партнер. Со сè што се случува, тој е едноставно тука. Тој ги држи сите конци во свои раце – рече актерката.

Оваа година беше исклучително зафатена за актерката, со пет филмови што се појавија во кината. Меѓу нив е и музичката драма „Mother Mary“, која беше објавена во април. Во тој филм, таа ја игра насловната поп-ѕвезда која, според описот на IMDb, „воочи својот повратнички настап се обединува со својaта отуѓена најдобра пријателка и поранешна костимографка“.

Хатавеј годинава глуми и во филмовите „Verity“ и „The End of Oak Street“, покрај претходно споменатиот „The Odyssey“.

Поврзани содржини