ПЕНЗИОНЕРКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО ОХРИД Автомобил „Хјундаи“ ја удрил на улицата Јане Сандански

Сообраќајната несреќа се случила вечерта на 6 јули, а повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“.

117

Осумдесет и четиригодишна охриѓанка се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил на улицата Јане Сандански во Охрид. Според МВР, несреќата се случила на 6 јули во 21:12 часот. Автомобил „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 74-годишен охриѓанец, удрил во пешакот М.Т. (84).

По несреќата, жената била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Лекарите констатирале тешки телесни повреди.






Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.

Поврзани содржини