ДИЈАСПОРАТА ТРЕБА ДА ГЛАСА, ТОА Е ИНКЛУЗИВНОСТ, ВЕЛИ ВРЕДИ Роднините не служат само за да праќаат пари

Партијата Вреди поддржува електронско или гласање по пошта за иселениците во согласност со меѓународниите стандарди и оценува дека дебатата непотребно се сведува на страв од изборните реформи кои носат инклузивност и демократија.

19

„За нас, важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди“.

Вака истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.






– Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сетиме само кога испраќа пари. Таа е неразделен дел од нашето општество и секако мора да има можност да биде дел и од политичкото одлучување. Ова ѝ го должиме. Ние не сметаме дека блокадите на опозицијата со илјадници амандмани му служат на овој процес. Граѓаните очекуваат решенија, а не пречки и блокади. Измените во Изборниот законик предизвикаа голема дебата во јавноста овие денови. За жал, дел од оваа дебата се води околу стравот на гласањето на дијаспората наместо да се фокусира на она што е суштинско, како изборниот процес да го направиме подемократски и поинклузивен – рече тој.

Ќоку потенцира дека нашата дијаспора е неразделен дел од политичкиот и општествениот систем на нашата земја.

– Таа не е туѓо тело. Затоа, треба да се третира со почит без да се нарушат нејзините политички и граѓански права.  За ВЛЕН ова е еден од најважните процеси во рамките на Реформската агенда и приближувањето на земјата кон европските стандарди изјави Ќоку.

Поврзани содржини