НЀ ОЧЕКУВААТ ДВА ВРНЕЖЛИВИ ДЕНА Од петок времето ќе се стабилизира
Утринските температури ќе се движат од 12 во Крушево до 20 Целзиусови степени во Гевгелија и Дојран, а максималните дневни од 20 во Крушево, до 36 степени во Гевгелија и Дојран.
Во среда и во четврток времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, , информираат од УХМР.
Утринските температури ќе се движат од 12 во Крушево до 20 Целзиусови степени во Гевгелија и Дојран, а максималните дневни од 20 во Крушево, до 36 степени во Гевгелија и Дојран.
Во Скопје во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.