📽️ ТРАГЕДИЈА ВО ТУРЦИЈА Загина патник, автобус полн со луѓе се преврте на автопатот

Автобусот се превртел на автопатот Каман – Анкара, а турските власти како можна причина ја посочуваат лизгавата подлога поради утринскиот мраз. Возачот е приведен, а истрагата е во тек.

133

Едно лице загина, а најмалку 40 патници се повредени откако автобус се преврте на автопатот Каман – Анкара, во близина на турскиот град Кирикале.

Според првичните информации, несреќата се случила откако возачот изгубил контрола над автобусот, по што возилото излетало од коловозот и се превртело.

 






Во несреќата животот го загубил 92-годишен патник, кој им подлегнал на повредите, додека останатите повредени се пренесени во болниците во регионот. Дел од нив се здобиле со потешки повреди и се под постојан лекарски надзор.

На местото на несреќата веднаш интервенирале екипи на службата за управување со катастрофи и вонредни состојби, пожарникари, медицински тимови, жандармерија и полиција.

Гувернерот на Кирикале, Хусеин Енгин Сарибрахим, изјави дека во автобусот се повредени 38 патници, двајца возачи и еден помошник.

Според него, првичните сознанија укажуваат дека несреќата била предизвикана од лизгав коловоз, бидејќи во утринските часови на патот се формирал прв мраз.

– Коловозот беше лизгав поради првиот утрински мраз. Уште еднаш се потврдува колку е важно сите патници во автобусите да носат сигурносен појас – изјави Сарибрахим.

Турските власти соопштија дека возачот на автобусот е приведен, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Поврзани содржини