ПИЈАН ЗГАЗИЛ ТИНЕЈЏЕР НА ВЕЛОСИПЕД И ПОБЕГНАЛ Уапсен несовесен охриѓанец
По преземените активности, полицијата го пронашла автомобилот „Фолксваген тигуан“ со охридски регистарски таблички, како и возачот М.Д. (65) од Охрид.
Петнаесетгодишно момче се здоби со тешки повреди откако, возејќи велосипед, беше прегазено од автомобил на крстосницата меѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, а возачот избегал од местото на несреќата.
Малолетникот веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
По преземените активности, полицијата го пронашла автомобилот „Фолксваген тигуан“ со охридски регистарски таблички, како и возачот М.Д. (65) од Охрид. Алкотестирањето покажало дека тој имал 0,7 промили алкохол во крвта.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид по наредба на јавен обвинител, а истрагата продолжува.