СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ ПОСКАПИ ЗА 13,3% Народна банка ги објави податоците за вториот квартал
Во првиот квартал од годинава растот на цените на недвижностите изнесуваше 16,6%.
Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, но со помало темпо во однос на почетокот на годината, покажуваат податоците на Народната банка.
Според овие податоци, во вториот квартал цените на недвижностите се зголемиле за 13,3% на годишно ниво.
На квартална основа, цените на недвижностите забележаа раст од 5,5%.
Во првиот квартал од годинава растот на цените на недвижностите изнесуваше 16,6%.
Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови, во вториот квартал од 2026 година бележи раст.