🎥 СОСТОЈБАТА ВО СКОПЈЕ СТАБИЛИЗИРАНА ПО НЕВРЕМЕТО Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и 1.000 работници на терен

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен, а така ќе остане и во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

631

Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека над 1.000 работници работат на расчистувањето на критичните точки и дека улиците се целосно проодни.






„Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане и во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните“, инфорира Ѓорѓиевски.

Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции, додаде тој.

„Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност. Скопје и скопјани не се оставени сами.
Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно“, порача градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини