КИСЕЛА ВОДА ОБЈАВИ ДЕЖУРНИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ПОМОШ ПО НЕВРЕМЕТО Општински екипи ги расчистуваат критичните точки

Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти, информира Општина Кисела Вода.

242

Свикана е итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода, по обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати Скопје, информира локалната самоуправа.

„Нашите екипи се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со екипите на ЈП Водовод и канализација, како и со надлежните служби на Град Скопје, со цел брза интервенција и санирање на штетите“, соопшти Општина Кисела Вода.






На терен се мобилизирани сите расположливи општински служби, кои работат на расчистување на критичните точки и обезбедување на безбедноста на граѓаните, се додава во оопштението.

„Апелираме до жителите на Кисела Вода, доколку забележат проблеми или имаат потреба од асистенција, случајот да го пријават на следните дежурни телефони: Бобан 072-250- 719 и Димитар 072-443-500. Сите наши капацитети се ставени во функција на помош и поддршка на граѓаните. Општинските служби се на терен и ќе останат таму сè додека целосно не се нормализира состојбата“, соопшти Општината.

НАЈПОГОДЕНИ ОД НЕВРЕМЕТО СЕ КИСЕЛА ВОДА, ЧАИР, БУТЕЛ И ГАЗИ БАБА Поплавени се подруми, магацини и улици

Поврзани содржини