МОСКВА ГО ПРЕДУПРЕДИ ТОКИО Американските ракети во Јапонија се директна закана за Русија

Распоредувањето американски ракетни системи со среден дострел на јапонска територија ќе се смета за отворена закана за руската безбедност, соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

193

Москва упати предупредување до Токио дека потенцијалното распоредување на американски ракетни системи со среден дострел на јапонска територија ќе се смета за отворена закана за руската безбедност.

Официјалниот став на Кремљ го пренесе портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која нагласи дека ваквиот потег директно ги загрозува источните граници на земјата. Според неа, формата на распоредување на оружјето – без разлика дали ќе биде привремена, ротациона или трајна – воопшто не го менува фактот дека тоа претставува сериозен безбедносен ризик.






Захарова подвлече дека ваквите воени чекори сериозно ја нарушуваат рамнотежата и стабилноста во целиот Азиско-пацифички регион. Таа потсети дека Русија во повеќе наврати досега официјално ја предупредила Јапонија за можните реперкусии од соработката со САД во овој домен.

Како одговор на јапонските планови, Москва најави дека ќе преземе соодветни реципрочни чекори.

Од руското МНР порачуваат дека државата ќе биде принудена да ги зајакне сопствените одбранбени капацитети со цел да се заштити националниот суверенитет на Далечниот Исток.

Поврзани содржини