НЕМА ВЕЌЕ ВОЗОВИ МЕЃУ РУСИЈА И ЕУ Москва ги затвори железничките гранични премини со Финска, Естонија и со Латвија

Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не.

182

Русија денеска го запре сообраќајот и преку последните отворени железнички гранични премини со Европската Унија.

Одлуката за суспензија на целиот железнички превоз на луѓе, возила, артикли и товар со Финска, Естонија и со Латвија е донесена синоќа, а стапи во сила денеска.






Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не.

Многу фински железнички премини веќе имаат мал или никаков патнички сообраќај кон Русија откако директните железнички врски помеѓу Финска и Русија беа суспендирани по инвазијата на Москва врз Украина во 2022 година. Во декември 2023 година Финска ја затвори целата своја источна граница.

Премините во Пехорија на естонската граница и во Питалово во близина на Летонија сè уште беа во функција.

Одлуката е донесена во време на зголемени руски активности за изградба на воена инфраструктура по должината на границата со НАТО. Русија гради нови касарни, магацини за муниција и логистички објекти во близина на границите со Финска, Норвешка и со балтичките држави. Се проценува дека до 115.000 војници би можеле да бидат распоредени во областа во иднина по завршувањето на војната во Украина.

Поврзани содржини