3 НЕШТА МОЖЕ ДА ВИ НАПРАВАТ ПРОБЛЕМ НА ГРАНИЦА СО ГРЦИЈА Едното често завршува во канта на преминот

Домашна храна со месо, поголеми количини цигари и алкохол или непријавена готовина над 10.000 евра можат да донесат казни, конфискација и дополнителни контроли уште пред почетокот на одморот.

1,229

Со почетокот на летната сезона, илјадници туристи тргнуваат кон грчките плажи. Но, покрај пасошите и багажот, многумина на граница носат и работи што можат да им создадат сериозни проблеми.

Најчести се три категории – храна од животинско потекло, поголеми количини тутун и алкохол и непријавена готовина.






Најстрогите правила се однесуваат на месото, сувомесните производи, млекото и млечните производи.

Тоа значи дека сендвичи со сувомеснато, домашни јадења со месо, сирење, кашкавал или други слични производи можат веднаш да бидат одземени при контрола.

Истото важи и за готови јадења што содржат месни или млечни состојки. Царинските служби имаат право да ги конфискуваат и уништат производите без надомест.

Цигарите и алкохолот под посебен режим

Патниците од земји надвор од Европската унија мора да внимаваат и на количините тутун и алкохол што ги носат со себе. Дозволени се само ограничени количества, а секое пречекорување може да резултира со дополнителни царински постапки и казни.

За малолетници правилата се уште построги.

Тие воопшто немаат право да пренесуваат тутунски производи или алкохол.

Повеќе од 10.000 евра? 

Посебно внимание се обрнува и на готовината. Секој што носи повеќе од 10.000 евра мора тоа да го пријави на граница.

Непријавувањето може да доведе до задржување на средствата, дополнителни проверки и парични санкции.

Поврзани содржини