📽️ ХАОС ВО РУСИЈА, РУСИТЕ СЕ ТЕПААТ ЗА ГОРИВО Долги редици, турканици и нервоза по нападите врз рафинериите

По серијата украински напади врз рафинерии и енергетска инфраструктура, во повеќе руски региони се формираа долги редици за гориво, а на социјалните мрежи се појавија снимки од расправии и физички пресметки меѓу возачи.

258

По повеќе од четири години од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, во повеќе руски региони сè поизразено се чувствуваат последиците од војната. Низ целата земја, незадоволни возачи чекаат во долги редици од автомобили и камиони за гориво поради сериозен недостиг, а судирите не се ретки. Последиците се почувствуваа и во Москва, која со години беше поштедена од директни нарушувања во снабдувањето.

Во последните недели, украинските напади со долг дострел се интензивираа, значително потресувајќи еден од најголемите светски производители на енергија. Според Си-Ен-Ен, руските власти минатата недела соопштија дека во текот на една ноќ пресретнале 660 беспилотни летала во 12 региони.

 






Целите беа избрани токму за да се исцрпи руската економија, зголемувајќи ги економските и политичките трошоци што Кремљ ги плаќа за продолжување на војната. Целите, меѓу другите, беа рафинерии, нафтени терминали, фабрики за оружје итн.

На социјалните мрежи и во бројни светски медиуми се објавени снимки што најдобро го илустрираат обемот на кризата на руските улици. Покрај долгите редици за гориво, избувнаа и низа инциденти, вклучувајќи вербални пресметки, па дури и тепачки, на пример, за туркање луѓе низ редот на бензинска пумпа. На социјалните мрежи се појавија и бројни видеа и сведоштва од граѓани кои јавно го изразуваат незадоволството од состојбата.

 

По руските напади во понеделникот, украинскиот лидер Володимир Зеленски најави дека ќе следи одговор. Имено, тој истакна дека Русија ги таргетира цивилите и дека нападите резултирале со смртни случаи и многу повредени.

– Русија ја продолжува својата отворена терористичка агресија против Украина, против Украинците. Секако, ние ќе одговориме на сите овие руски напади со целосна правда. И го правиме ова на таков начин што, пред сè, ќе страда системот на руската држава, како и способноста на Русија да ја продолжи оваа војна – нагласи украинскиот лидер.

Тој го нападна рускиот претседател Путин, велејќи дека „тој може да продолжи да зборува на телевизија дека наводно сè има под контрола, дека наводно има бензин и дека руските министри наводно се доволно компетентни“.

– Но, дури и самите Руси, кои стојат во редици за бензин во различни региони на Русија, можат да видат дека нивната „тридневна војна“ сега е во својата петта година и стигна до точка каде што дури и нафтената држава, бензинската пумпа, како што порано се нарекуваше Русија, сега останува без бензин. Ова е директна последица од војната. Една од нејзините последици. И пример за тоа како реагира Украина. Точно. Не како терористи. Ја враќаме војната во Русија и правиме сè што е можно за да ја отежниме континуираната окупација на нашата земја што е можно повеќе – рече Зеленски.

Поврзани содржини