ЌЕ СЕ ГРАДИ ТРЕТАТА ФАЗА ОД ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ Владата го префрли земјиштето во сопственост на Општина Чаир

Градоначалникот Изет Меџити вели дека со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од најзначајните проекти за Албанците во Скопје.

514

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираше дека Владата ја донесе одлуката за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот Скендербег на Општината Чаир, со што се отстранува последната административна пречка за реализација на третата фаза од проектот за плошадот.

Според Меџити, со оваа одлука се создадени сите предуслови за отворање на постапката за јавна набавка и започнување на градежните работи за заокружување на еден од најзначајните проекти за Албанците во Скопје.






– Со одлуката на Владата се отстранува последната административна пречка и се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот Скендербег. Сега се создадени сите услови многу брзо да почне постапката за јавна набавка и реализацијата на овој значаен проект – изјави Меџити.

Плоштадот почна да се гради во 2012 година.

Поврзани содржини