ЗОШТО САД ИГРААТ И ПРОТИВ БОСНА И ПРОТИВ ХЕРЦЕГОВИНА? Американка стана хит со своето прашање на Мундијалот

Објавата брзо почнала да се споделува, а најмногу реакции предизвикал одговорот што пристигнал од БиХ. Како Босанка, ќе објаснам како функционира тоа, ѝ напишала една корисничка на Американката. „Босна ја почнува играта, а Херцеговина влегува од клупата по полувремето“.

362

Американка која се подготвувала за натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина ненамерно предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако јавно праша зошто нејзината репрезентација мора да игра против „две земји“.

Необичната објава за кратко време стана вирална, а илјадници корисници се вклучија во шегите што следуваа.






„Зошто играме против Босна и Херцеговина?“

Сè почнало кога корисничка на платформата Threads го поставила прашањето што веднаш го привлече вниманието на интернетот.

„Зошто, по ѓаволите, мора да играме против две земји во нокаут фазата на Светското првенство, додека сите други играат само против една? Зошто играме против Босна и Херцеговина?“, напишала таа.

Објавата брзо почнала да се споделува, а најмногу реакции предизвикал одговорот што пристигнал од БиХ.

„Босна почнува, Херцеговина влегува во второто полувреме“

Една Босанка решила на духовит начин да ѝ ја „објасни“ ситуацијата.

„Како Босанка, ќе објаснам како функционира тоа. Босна ја почнува играта, а Херцеговина влегува од клупата по полувремето“, напишала таа.

Токму овој коментар стана најсподелуваниот дел од целата преписка.

„Ќе ги победиме и двете“

Американката не останала должна и продолжила во истиот тон.

„Вау! Тоа е измама и прилично сум сигурна дека ќе ги победиме во секој случај“, возвратила таа.

Но и одговорот од босанска страна бил подготвен.

„ФИФА ни дозволува да го правиме тоа, така што не е измама. И немојте да бидете толку сигурни, ја победивме Италија“, ѝ одговориле низ шега.

Поврзани содржини