📽️ ДРАМА ВО АТИНА, СЕ УРНА ЧЕТИРИКАТНИЦА Спасувачи и кучиња трагаат по тројца мажи и една жена

Уривање на четирикатна станбена зграда среде густо населениот атински кварт Петралона предизвика голема спасувачка операција, откако властите добија информации дека четири лица можеби се наоѓаат под урнатините.

230

Спасувачките екипи, пожарникарите и полицијата попладнево трагаат по тројца мажи и една жена, откако зградата се урнала околу 13:30 часот на улицата Алкменис во Атина.

На местото се распоредени 30 пожарникари, осум возила и специјална спасувачка единица со кучиња трагачи. Во акцијата се вклучени и екипи на брзата помош, полицијата и службите задолжени за електричната и комуналната инфраструктура.






Три болници во Атина се ставени во состојба на готовност за прием на евентуални повредени.

 

 

Сомнежи дека уривањето е поврзано со градежни работи

Според првичните информации, зградата се урнала додека се изведувале градежни работи на соседен објект.

Надлежните служби засега не потврдуваат дали токму тие активности ја предизвикале несреќата, но тоа е една од главните насоки на истрагата.

Седум станови во урнатата зграда

Според грчките медиуми, во четирикатницата имало вкупно 7 станови. Властите соопштија дека идентитетот на четирите исчезнати лица е утврден по телефонски повик, но сè уште нема потврда дали навистина се наоѓаат под урнатините.

Истрагата за причините за несреќата ќе започне по завршувањето на спасувачката операција.

Поврзани содржини