ПРОМЕТОТ ВО ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА ВО МАЈ ПОРАСНАЛ ЗА 15% Трговците со гориво, пак, го зголемиле прометот за 36,2%

Трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6,0 %, а реално за 6,2 %.

28

Во мај прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун бележи годишен номинален раст од 15% при што реалниот раст изнесува 9,1%, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 %, а реално е зголемена за 1,6 %,






Трговијата на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6,0 %, а реално за 6,2 %.

Прометот во трговијата на мало со автомобилски горива номинално е зголемен за 36,2%, а  реално е зголемена за 14,7%.

Поврзани содржини