ДО ПЕТОК НЕСТАБИЛНО, СО ПОВРЕМЕН ДОЖД Ќе засвежи во текот на викендот
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има локално поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.
Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.