НОВ БРАН ТУРКАНИЦИ НА ГРЧКАТА ГРАНИЦА Оние кои патуваат низ Грција треба да очекуваат и гужви на обиколницата кај Солун

Најавено е дека коловозот кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

220

Нов бран долго чекање на грчката стана на граничниот премин Богородица- Евзони е забележан и утринава, а како што велат од АМСМ зависно од периодот на пристигање гужвите се поголеми или помали.

Граѓаните се жалат дека речиси во секое време меѓуграничниот простор на преминот е речиси целосно исполнет, а возилата утринава  чекаа и повеќе од 4 часа за да ја преминат границата.






Туристичката сезона, но и примената на европските правила за влез и излез се главна причина за големите гужви на грчкиот дел од границата.

За потсетување сите кои викендов патуваат во Грција посебно од Солун кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

Грчките власти соопштија дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци. Најавено е дека коловозот кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики. Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона.

Поврзани содржини