САД ЈА ПРОДОЛЖИЈА ВОНРЕДНАTA СОСТОЈБА ПОВРЗАНА СО ЗАПАДЕН БАЛКАН Вашингтон гледа опасност во корупцијата и во нецелосната трансатланска интеграција

Мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.

207

Американскиот претседател Доналд Трамп за уште една година ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан.

Според објавата во Федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и во Македонија.






Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор од 2001 година, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.

Вашингтон оценува дека и натаму постојат околности кои бараат продолжување на вонредната состојба и санкциските механизми поврзани со Западен Балкан.

„На 8 јануари 2025 година, претседателот потпиша Извршна наредба 14140, со оглед на настаните во Западен Балкан, вклучувајќи ги и континуираните обиди на поединци да го оспорат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан, да ги поткопаат повоените договори и институции, да се вклучат во значителна корупција што го еродира владеењето на правото и довербата во демократското управување и да ги избегнат санкциите на Владата на Соединетите Американски Држави, како и со цел да се преземат дополнителни чекори во однос на националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан“, се вели во објавата.

Дејствијата на лицата што го загрозуваат мирот и напорите за меѓународна стабилизација на Западен Балкан, вклучувајќи ги актите на екстремистичко насилство и опструктивните активности, како и ситуацијата во Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции, според наведеното во објавата, подолжуваат да претставуваат необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

„Поради оваа причина, националната вонредна состојба мора да продолжи да важи и по 26 јуни 2026 година“ се вели во објавата од Федералниот регистер на САД.

Ситуацијата на територијата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), се додава, во текот на изминатите две децении, вклучително и поткопувањето на повоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широко распространетата корупција во рамките на различните влади и институции на Западен Балкан, го попречува напредокот кон ефикасно и демократско управување и целосна интеграција во трансатлантските институции, и со тоа претставува необична и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Поврзани содржини