🎥 РАЦЕ, СТАПАЛА И НОС Шпанскиот актер Хавиер Бардем ги остави отпечатоците во Холивуд и му оддаде почит на семејното наследство

Шпанскиот актер Хавиер Бардем ги остави своите отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес, но отстапи од обичајот со тоа што заедно со отпечатоците од рацете и стапалата, го притисна и носот во влажниот цемент.

50

Шпанскиот актер Хавиер Бардем ги остави своите отпечатоци на Патеката на славните во Лос Анџелес, нагласувајќи дека е навистина посебно чувството да се овековечи своето име на Холивуд булевар.

– Навистина е посебно да се добие ваква можност да се овековечат вашето име и лик. Кога ќе помислам на сите луѓе кои стоеле на ова место, тешко ми е да поверувам дека сето ова е реално – изјави 57-годишниот Бардем.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javier Bardem (@bardemantarctic)

Бардем беше во центарот на вниманието на емотивната церемонија во Лос Анџелес, додека ѝ оддаваше почит на својата мајка Пилар Бардем на Холивудската патека на славните. Шпанскиот актер отстапи од обичајот со тоа што заедно со отпечатоците од рацете и стапалата, го притисна и носот во влажниот цемент.
Бардем ги остави своите отпечатоци пред историскиот Кинески театар TCL во Холивуд за време на емотивна церемонија на која го застапуваше уметничкото наследство на своето семејство и ѝ оддаде почит на својата мајка, покојната Пилар Бардем.

– Ме трогна поради името Бардем, име кое е во оваа професија многу долго време. Јас не сум ништо повеќе од претставник на тоа име – изјави тој за локалните медиуми откако ги притисна рацете, стапалата, потписот, па дури и носот во цементот.

Актерот нагласи дека почитта има посебно значење за целото негово семејство и додаде: „Фактот што „Бардем“ е таму ме прави многу среќен за мојата мајка, мојот чичко, моите братучеди, моите браќа и сестри, моите баби и дедовци.“

За време на настанот, Бардем се сети на својата мајка како на „најважната личност во неговиот развој“ и истакна една од лекциите што ја обликуваа неговата кариера:

– Никогаш не смееш да се венчаш со успехот или со неуспехот, бидејќи и двете се лага.

Тој, исто така, ја потврди својата општествена посветеност, велејќи: „Никогаш не се откажувајте од вашиот глас пред лицето на неправдата или за оние кои обично не се слушаат.“

На церемонијата присуствуваа филмски режисери како Денис Вилнев и Мајкл Ман, кои го пофалија неговиот професионализам, човечност и политичка ангажираност. Вилнев се пошегува додека се сеќаваше на својата прва средба со актерот, опишувајќи го како „Teddy bear“ (кадифено мече), додека Ман го истакна нивото на ангажман кој, рече тој, „оди подалеку од непосредното“.

Бардем, кој има ѕвезда на Холивудската патека на славните од 2012 година, е во средината на една зафатена година со нови изданија и меѓународни проекти, консолидирајќи кариера која сега е исто така врежана во холивудскиот цемент.

Тој стекна меѓународна слава во 2000 година со филмот „Пред да падне ноќта“, во режија на Хулијан Шнабел. Осум години подоцна, актерот освои Оскарот за најдобар актер во споредна улога, за улогата во филмот на браќата Коен „Нема земја за старци“. Неговиот најнов филм, „Возљубени“, беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал оваа година.

Поврзани содржини