🎥 ОД АЕРОДРОМ СО ЉУБОВ Тони Зен ѝ посвети песна на својата населба, а спотот му го посвети на Мац
Ова е за сите мои другари од Аеродром, кои ги почитувам од првите школски денови, до ден денес, напиша раперот Тони Зен во објавата на, како што вели, новата химна „Од Аеродром со љубов“.
Спотот за песната Тони му го посветува на Марјан Михајловски-Мац, еден од најголемите и најпрепознатливите навивачи, легенда на клубот МЗТ Скопје Аеродром, кој почина пред две години.
Песната и спотот претставуваат емотивно патување низ стихови, со автентични маалски кадри и квалитетен бит, вистинска емотивна разгледница преполна со носталгија, локален патриотизам и почит кон луѓето со кои пораснал и кои го обликувале неговиот карактер.