НОВИ РУСКИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ РАК НА МОЗОК Русија се подготвува за примена на вакцини против глиобластом

Федералната медицинско-биолошка агенција на Русија очекува во текот на 2026 година да добие одобрение за употреба на две вакцини против глиобластом, еден од најтешките и најагресивни тумори на мозокот.

34

Оваа година, Русија планира да одобри две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните тумори на мозокот. Веста ја потврди во интервју за државната новинска агенција РИА Новости Вероника Скворцова, раководителка на Федералната медицинско-биолошка агенција (FMBA).

Скворцова објави дека се надева дека наскоро ќе дојде одобрението за првата онколошка вакцина.






– Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за употреба на онколошка вакцина против глиобластом. Првата ќе биде пептидната вакцина Gliopept, а до крајот на годината ќе добиеме одобрение и за mRNA вакцината против глиобластом – Gliorna“, рече таа.

Федералната медицинско-биолошка агенција објави во ноември минатата година дека претклиничките испитувања на вакцините против оваа болест се во завршна фаза.

Инаку, глиобластомот се смета за една од најопасните форми на тумор на мозокот. Се јавува како резултат на неконтролирана делба на глијалните клетки, помошните клетки што ги опкружуваат невроните во мозокот.

Поврзани содржини