🎥 ВЕНЕЦУЕЛА ФЈУРИ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ЗА МАЛКУ ЌЕ ЈА ПРИМЕЛЕ ВО ГИМНАЗИЈА Се омажи на 16, го напушти школото на 11 години – тоа била семејна традиција
Ќерката на британскиот боксер Тајсон Фјури (16), открива дека речиси ја примиле во гимназија, бранејќи се од оние кои на социјалните мрежи ѝ се потсмеваат поради правописот, додека нејзиниот сопруг Ноа Прајс (19) ѝ се враќа на работата со отпад по медениот месец.
Венецуела Фјури, 16-годишната ќерка на боксерската ѕвезда Тајсон Фјури, им одговори на онлајн критичарите кои го исмејуваа нејзиниот правопис, велејќи дека „речиси се запишала во гимназија“.
Тинејџерката, која неодамна се омажи за 19-годишниот аматерски боксер Ноа Прајс со дозвола од родителите Тајсон и Парис Фјури, го напуштила училиштето на 11 години, но оттогаш собрала голем број следбеници на социјалните мрежи.
Во нејзината последна објава на Тик-Ток, кадешто има 1,3 милиони следбеници, Венецуела се сними себеси во автомобил со својот сопруг Ноа додека јадат во МекДоналдс.
– Тукушто видов видео каде некој рече: „Венецуела Фјури го напуштила училиштето на 11 години. Како очекувате да пишува?“ – започна таа.
– Само да знаете, речиси се запишав во гимназија.
@parisvenezuela
Надвор од екранот, Ноа ја прашува што е граматичко училиште и што значи зборот „граматика“, на што таа одговори: „Тоа е како, ако добро пишуваш“.
Венецуела додаде дека имала настава и дека „ги положила сите тестови и слично“, а на критичарите им рече: „Не знам од каде ги црпите информациите, но ако зборувате за некого, барем информирајте се“.
Ноа потоа се пошегува: „Таа не знае да пишува!“, а Венецуела ги крена рамењата и додаде: „Не знам да пишувам! Заборавив“.
Сепак, веднаш додаде: „Во шесто одделение, добив награда за правопис“. Нејзиниот сопруг на шега додаде: „Таа, исто така, освои награда за јадење најмногу храна за една година“, на што Венецуела се насмеа и рече: „Лажеш“.
View this post on Instagram
Видеото брзо собра повеќе од 120.000 лајкови и стотици коментари.
Инаку, Венецуела го следела образовниот пат на своите родители. И Тајсон и Парис Фјури го напуштиле училиштето на 11-годишна возраст, без формални квалификации, растејќи во традиционална ромска патувачка заедница, пишува Метро. Нејзината мајка Париз во 2022 ја бранеше одлуката.
View this post on Instagram
– Го завршуваме училиштето по основното училиште, тоа е традиција тука – изјави таа за The Sun.
– Ние само ја донесовме таа традиција во 21 век. Венецуела сакаше да го напушти училиштето, а сите нејзини пријатели од заедницата си заминуваа – објасни Парис. Таа додаде дека нејзината ќерка имала домашен учител и земала часови по пијано.
– Постојано патуваме. Немаше смисла тие да бидат во училиште цело време додека ние одиме, да речеме, во Америка – рече таа.
Што се однесува до Ноа, тој наводно ѝ се вратил на својата работа на депонијата, иако, според изворите, тој целосно ужива во својата новостекната слава и богатство. Извор за The Sun изјавил дека неговото „его отишло во небеса“ и дека „јасно е дека сега се смета себеси за позната личност“, пишува Дејли Меил.
@parisvenezuela #foryoupage @Noah price
Изворот додал дека Ноа „потекнува од семејство на трговци со старо железо“ и дека „тоа е сè што некогаш знаел“.
– Ноа се вратил на работа веднаш по медениот месец, а оваа недела бил виден како продава стари акумулатори на отпад – заклучил изворот.