БУГАРИЈА НИКОГАШ НЕМАЛА ПЛАН ДА ЈА ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА Објавен декласифициран извештај од австриски амбасадор во Софија од пред 35 години
Австриската амбасада во Софија информирала дека Бугарија ја поддржува идејата за меѓународно признавање на независноста на Хрватска и на Словенија, но за Македонија останува претпазлива и го чека исходот од референдумот закажан за 8 септември.
Новинарот и известувач за Југоисточна Европа на германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, Михаел Мартенс, објави документ од пред 35 години од кој јасно се гледа бугарската антимакедонска позиција за непризнавање на македонската нација, пишува порталот Експрес.
Во документот австрискиот амбасадор во Бугарија известува до своето министерство во Виена за разговорите што ги имал со бугарски извори во врска со распаѓањето на соседна Југославија и ставот на Бугарија за претстојниот референдум за независност во Македонија.
Според амбасадорот, пишува Мартенс, бугарскиот претседател Жељу Желев им рекол на новинарите дека Софија може да ја признае Македонија како држава, но дека тоа „нема да биде признавање на македонскиот народ, што е изум на Коминтерната“.
Мартенс врз основа на документот забележува дека се работи за континуитет во бугарската надворешна политика.
Во документот пишува дека Бугарија поддржува признавање на Хрватска и на Словенија, но чека референдум за Македонија.
Австриската амбасада во Софија тогаш информирала дека Бугарија ја поддржува идејата за меѓународно признавање на независноста на Хрватска и на Словенија, но за Македонија останува претпазлива и го чека исходот од референдумот закажан за 8 септември.
Во доверливиот извештај до Министерството за надворешни работи во Виена кој сега е декласифициран, амбасадорот Кипах пренесува дека бугарскиот заменик-министер за надворешни работи изразил поддршка за австриското барање во врска со признавањето на двете југословенски републики.
Според документот, Бугарија тогаш не планирала промена на ставот за Македонија пред референдумот. Бугарскиот претседател, во изјава за медиумите, повторил дека Бугарија „нема намера да извлекува корист од случувањата во соседна Југославија“. Тој исто така истакнал дека Бугарија не била првата држава која ги признала Словенија и Хрватска.
Претседателот на Бугарија, Жељев тогаш јасно го артикулирал ставот на државата: Бугарија го признава правото на самоопределување, вклучително и правото на создавање независни држави. Во случај референдумот во Македонија да донесе одлука за независност, Бугарија би можела да ја признае новата држава. Сепак, тоа признавање би се однесувало исклучиво на државната независност, а не и на „македонска нација“, која бугарската страна ја смета за „изум на Коминтерната“.
Оваа позиција била во време на остри обвинувања од Белград кон Софија во врска со македонското прашање. Бугарското Министерство за надворешни работи претходно објавило соопштение за ескалацијата на кризата во Југославија.
Документот, означен како продолжение на претходен извештај од 28 август, ја отсликува сложената дипломатска ситуација во регионот на почетокот на распадот на Југославија, кога европските држави постепено ги преиспитуваа своите позиции за признавање на новите држави.