ВЛАДИНИТЕ ПАРТНЕРИ ЌЕ РАЗГОВАРААТ И ЗА ПРОМЕНА НА РЕСОРИ Меџити потврди дека во јуни ќе има реконструкција

Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму – изјави Меџити.  

0

Во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња, рече копретседателот на Вреди и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје.

Меџити рече дека се договорени со партнерите во Владата дека ќе има реконструкција.






– Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму – изјави Меџити.

Премиерот Христијан Мицкоски, завчера одговарајќи на новинарско прашање по отворање на новиот базен „Карпош“, најави дека во втората половина на јуни ќе седне со владините партнери за да разговара за натамошните чекори во однос на работата на Владата.

– Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика за идната структура – рече Мицкоски.

Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања.

– Планираме тие активности да ги завршиме до средината на јуни, а потоа, во втората половина на месецот, да седнеме со коалициските партнери и да разговараме за следните чекори – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини