📽️ ТРЕСОКОТ СЕ СЛУШНАЛ ДО ОКОЛНИТЕ ГРАДОВИ Детонација во фабрика за огномет крена на нозе дел од Малта
Силна експлозија во фабрика за огномет рано утринава одекнала низ голем дел од Малта. Жителите пријавиле скршени прозорци, тресење на зградите и ударен бран што се почувствувал на повеќе километри од местото на несреќата.
Жителите на повеќе населени места на Малта утрово биле разбудени од силна детонација. Експлозијата се случила околу 6:30 часот во фабриката за огномет Та’ Лурдес во областа Маџтаб.
Според локалните медиуми, ударот бил толку силен што во дел од околните населби се треселе зградите. Некои жители пријавиле и скршени прозорци.
Се почувствувала на километри
Очевидци тврдат дека експлозијата се слушнала на неколку километри оддалеченост. Други велат дека го почувствувале ударниот бран и надвор од непосредната околина на фабриката.
Снимки и фотографии од местото на настанот почнале брзо да се шират на социјалните мрежи. Локалните медиуми објавија дека детонацијата предизвикала вознемиреност кај жителите во поширокиот регион.
View this post on Instagram
Истрагата е во тек
Полицијата излегла на местото на настанот веднаш по експлозијата. Засега не се соопштени официјални информации за причините што довеле до несреќата.
Според првичните податоци, експлозијата избувнала во дел од фабриката. Во моментот нема потврдени информации дали има повредени лица.