📽️ ЗНАМЕТО ПАДНА ПРЕД ПОГЛЕДОТ НА КРАЛОТ Еден дефект ја украде парадата во Шпанија
Необичен инцидент ја одбележа прославата на Денот на вооружените сили во Шпанија. Националното знаме падна за време на подигнувањето, а церемонијата продолжи дури по брза реакција на Кралската гарда.
Свеченото подигнување на шпанското знаме не се одвивало според планот. Додека знамето се искачувало на јарболот за време на воената парада по повод Денот на вооружените сили, механизмот откажал и знамето паднало на земја.
Инцидентот се случил пред очите на шпанскиот крал Фелипе Шести. Според извештаите, проблемот бил предизвикан од ненадеен дефект на јажето и системот со макари на врвот од јарболот.
Брза реакција на гардата
Воените лица веднаш реагирале. Знамето било подигнато од земја и отстрането од местото на церемонијата.
За да не дојде до прекин на настанот, кралот наредил знаменосец од Кралската гарда да застане покрај јарболот. Така парадата продолжила без дополнителни одложувања.
View this post on Instagram
Момент што го обиколи интернетот
Снимките од инцидентот брзо се прошириле на социјалните мрежи. На нив се гледа моментот кога знамето паѓа, а присутните остануваат затекнати од случувањето.
Иако церемонијата продолжила, токму овој момент станал најкоментираниот детал од овогодишната прослава на Денот на вооружените сили во Шпанија.