2.300 РУСКИ ДРОНОВИ НЕДЕЛНО ПРОТИВ ЕДЕН ШТИТ Украина доби нов германски „фрлач“ и побара уште ракети

Украина добила нов фрлач за германскиот систем IRIS-T, додека руските сили продолжуваат со масовни напади со дронови, ракети и воздушни бомби. Зеленски предупредува дека на земјата ѝ се потребни дополнителни системи и ракети за воздушна одбрана.

19

Повеќе од 2.300 борбени дронови, речиси 1.560 водени воздушни бомби и 108 ракети биле истрелани кон Украина во текот на изминатата недела, додека Киев добил нов фрлач за германскиот систем за воздушна одбрана IRIS-T.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека новата испорака пристигнала од Германија. Тој оцени дека системите за воздушна одбрана остануваат клучни за заштита на цивилното население и критичната инфраструктура.






„Секој ден работиме на обезбедување поголема заштита од рускиот терор. Вчера добивме нов фрлач за системот IRIS-T“, напиша Зеленски на Икс.

Дронови, бомби, ракети

Според украинскиот претседател, сите цели на нападите биле цивилни објекти. Меѓу нив се станбени згради и енергетски капацитети. Тој тврди дека воздушниот притисок врз Украина останува исклучително силен.

„Русија испали 2.300 борбени беспилотни летала, речиси 1.560 водени воздушни бомби и 108 ракети од различни видови кон Украина во текот на изминатата недела“, наведе Зеленски.

IRIS-T е германски систем за воздушна одбрана наменет за пресретнување авиони, хеликоптери, беспилотни летала и крстосувачки ракети. Во употреба се верзии со краток и среден дострел, способни да дејствуваат против повеќе видови воздушни цели.

Повеќе ракети, повеќе заштита

Зеленски предупреди дека Украина има потреба од дополнителни ракети за противвоздушна одбрана. Тој претходно испратил писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, и до членовите на Конгресот во кое алармирал за недостиг на вакви системи.

Американскиот сенатор Ричард Блументал најавил дека ќе има одговор на барањата од Киев. Украинскиот претседател воедно соопштил дека Русија во еден од последните големи напади употребила и балистички ракети од типот „Орешник“.

Нападите не запираат

Воздушните напади продолжиле и во регионот Запорожје. Според локалните власти, во изминатите 24 часа биле извршени 976 напади врз 55 населени места.

Во нападите загинале две лица, а седум биле повредени. Регистрирани се и десетици случаи на оштетена инфраструктура, станбени објекти и возила.

Поврзани содржини