📽️ СТРАШНИ ЧЕТИРИ ЧАСА ВО ВОЗДУХ Осум ученици останаа заробени на врв на ролеркостер во Галвестон

Осум ученици беа спасени по повеќечасовна драма на ролеркостер во Тексас, откако вагонетката остана заглавена на 30 метри висина. Спасувањето траеше над четири часа.

366

Осум ученици биле спасени по повеќечасовна драма на ролеркостерот „Iron Shark“ во забавниот парк „Pleasure Pier“ во Галвестон, Тексас, откако вагонетката останала заглавена на речиси 30 метри висина.

Инцидентот се случил во четвртокот попладне околу 17:20 часот по локално време, кога при искачувањето се слушнал силен звук, по што ролеркостерот нагло запрел.






Учениците останале заглавени на врвот од вертикалната патека повеќе од четири часа, гледајќи директно во небото, додека спасувачките екипи се обидувале да стигнат до нив.

Евакуацијата била исклучително сложена, бидејќи механичкиот дефект го оневозможил користењето на специјалниот лифт во паркот. Поради тоа, противпожарната служба од Галвестон била принудена да ја употреби големата противпожарна скала Tower 1 за да стигне до заглавените ученици.

– Беше голем предизвик да се позиционира возилото во тесниот простор на пристаништето, особено со толку многу посетители наоколу – изјави шефот на противпожарната служба, Мајкл Варела Џуниор.

Спасувањето се одвивало во фази, при што пожарникарите се искачувале до врвот на конструкцијата, а секој ученик поединечно бил обезбедуван со сигурносен појас и спуштан во корпата на скалата.

Последниот ученик бил безбедно евакуиран по 21:00 часот по локално време.

По спасувањето, децата биле прегледани од медицински тимови поради можна дехидратација, но ниту еден од нив не бил повреден. Сите ученици биле видно потресени од настанот.

Од училишниот округ во Хјустон соопштија дека се во контакт со семејствата на децата и дека им се обезбедува поддршка.

Компанијата „Landry’s Inc.“, која управува со забавниот парк, соопшти дека ролеркостерот автоматски запрел согласно безбедносниот систем веднаш по појавата на дефектот.

Атракцијата е привремено затворена, а најавена е детална безбедносна инспекција пред повторно пуштање во употреба.

 

Поврзани содржини