СЕДУМ ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ЕДЕН ДЕН Полицијата приведе три лица низ државата

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави.

42

Во само едно деноноќие низ државата биле пријавени седум случаи на семејно насилство, а полицијата привела три лица и со едно лице извршила службен разговор по пријава за напад во семејството.

Еден од случаите бил пријавен во Скопје, каде 51-годишна жена во полиција кажала дека била физички нападната од својот партнер во кругот на здравствена установа во Центар. Нападот, според пријавата, се случил ден претходно околу полноќ.






Во друг случај во Центар, 36-годишен маж пријавил дека за време на бракоразводна постапка бил нападнат со остар предмет од неговата сопруга.

Подоцна вечерта, полицијата во Центар го уапсила 37-годишниот З.Ж. од Скопје, откако неговата 47-годишна сопруга пријавила дека физички ја нападнал во нивниот дом.

Во Прилеп, 64-годишен маж пријавил дека бил нападнат во дворот од семејната куќа од негов роднина, односно внук од брат.

Во Струмица, полицијата ноќеска привела 38-годишен маж, по пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал таткото, братот и снаата. За случајот бил известен и јавен обвинител.

Нов случај на семејно насилство бил пријавен и во Охрид, каде 37-годишна жена кажала дека била нападната од сопругот. Полицијата извршила службен разговор со пријавениот.

Во Ранковце, пак, бил приведен 18-годишник затоа што физички ја нападнал својата сестра.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини