ТРИ ТАНКЕРИ НАПАДНАТИ СО ДРОНОВИ ВО ЦРНОТО МОРЕ Во инцидентите нема загинати морнари
Пристаништата и танкерите во Црно Море се чести цели на напади на Москва и на Киев, откако почна војната во Украина пред повеќе од 4 години, а за последните напади досега никој не ја презеде одговорноста.
Три танкери се нападнати со дронови во Црното Море, во близина на северниот брег на Турција во Црното Море, јави турската поморска агенција Трибека.
Танкерот Џејмс Втори, кој пловел под знамето на Палау и бил натоварен, бил нападнат на околу 80 километри северно од областа Туркели во Црното Море. Недалеку оттаму, за време на претовар биле нападнати и танкерите Алтура и Велора, кои пловеле под знамето на Сиера Леоне.
Бродови за крајбрежна безбедност се испратени на местото на настанот за да помогнат. Сите членови на екипажот на танкерите се наводно во добра состојба, соопшти агенцијата Трибека.
Пристаништата и танкерите во Црно Море се чести цели на напади на Москва и на Киев, откако почна војната во Украина пред повеќе од 4 години. За последните напади досега никој не ја презеде одговорноста.
Турското министерство за транспорт не беше веднаш достапно за коментар за инцидентите, кои се случија за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.