„ОМАН ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО СИТЕ ДРУГИ, ИЛИ ЌЕ ГО ДИГНЕМЕ ВО ВОЗДУХ“ Трамп се закани на уште една заливска земја

Трамп додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за заедничка контрола на Ормускиот теснец како дел од мировниот договор.

123

Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормускиот теснец.

„Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но, никој нема да го контролира“, рече Трамп и додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за заедничка контрола на Ормускиот теснец како дел од мировниот договор, пренесува „Скај њуз“.






Американскиот претседател рече дека „тие би сакале да го контролираат“ и нагласува дека теснецот е дел од меѓународните води и дека „Оман ќе се однесува како сите други“, пренесува Танјуг.

„Или ќе мора да ги дигнеме во воздух, тие го разбираат тоа, ќе бидат во ред“, рече Трамп.

Поврзани содржини