ЛОШ ЗНАК, АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА СЕ ЕВАКУИРАЛА ОД КИЕВ! Европските амбасади остануваат

Од она што го слушнавме од Украина, сите амбасади остануваат освен една. Сите европски амбасади остануваат, САД си заминаа – изјави шефицата на европската дипломатија.

192

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас изјави дека дипломатските мисии на земјите од ЕУ остануваат во Киев, додека, според неа, американската амбасада го напуштила украинскиот главен град.

Калас ова го изјавила по пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува на Кипар.






– Од она што го слушнавме од Украина, сите амбасади остануваат освен една. Сите европски амбасади остануваат, САД си заминаа – изјави шефицата на европската дипломатија. Европската унија претходно објави дека нема да го намали своето присуство во Киев, оценувајќи дека руските пораки до дипломатските мисии се дел од притисокот и ескалацијата.

Според западните агенции, неколку европски земји ги поканија руските амбасадори на разговори во врска со предупредувањето на Москва до странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев го критикуваше одбивањето на Европската Унија да ги евакуира своите дипломати, велејќи дека Брисел ги игнорира ризиците на кои се изложени нејзините мисии во Украина.

Неформалниот состанок на дипломатите на ЕУ се одржува на 27 и 28 мај во Лимасол, Кипар, а една од главните теми на дискусија е ситуацијата во Украина и односот на ЕУ со Русија.

Поврзани содржини