ДЕЗИНФИКАЦИЈА ЗА ДА НЕ ОСТАНЕ НИШТО „ЦРВЕНО“ Вака се чисти по европската титулата на Олимпијакос, лутиот градски ривал
По освојувањето на Евролигата од страна на Олимпијакос, Панатинаикос презеде мерки за дезинфекција на арената ОАКА, потег што предизвика реакции во грчката спортска јавност.
Атина повторно е во знакот на големото ривалство меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, откако по финалето на Евролигата се случи невообичаен потег од домашниот клуб.
Олимпијакос ја освои титулата во Евролигата по 13 години, совладувајќи го Реал Мадрид во финалето одиграно во салата ОАКА, домашен терен на Панатинаикос. Околу 18.000 навивачи на клубот од Пиреја беа присутни на историскиот натпревар.
Набргу по завршувањето на финалето, Панатинаикос објави дека започнал со „дезинфекција и биолошко чистење“ на трибините и просториите на арената.
Клубот сподели и фотографии на кои се гледаат вработени во заштитна опрема додека ги чистат површините на салата.
Ολοκληρώθηκε η διαδικασία απολύμανσης και βιολογικού καθαρισμού στους χώρους και τις κερκίδες του T-Center ώστε να είναι έτοιμες να υποδεχθούν ξανά τους φίλους του Παναθηναϊκού AKTOR.#paobcaktor pic.twitter.com/6LLO4DlcGw
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) May 27, 2026
Според најавите, ОАКА ќе биде подготвена за новите натпревари на Панатинаикос, кој веќе се фокусира на полуфиналето од грчкото првенство против ПАОК, чиј прв меч е закажан за утре.