НЕ ОДИТЕ НА ПЛАЖА, ТУКУ ПО ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Објавена „црна листа“ на облеки за влез во МВР

МВР воведе нов кодекс за облекување за вработените и граѓаните кои влегуваат во Одделот за граѓански работи, со цел, како што велат, одржување на професионален и институционален дигнитет.

619

Министерството за внатрешни работи воведе нов кодекс за облекување кој важи и за вработените и за граѓаните кои ги користат услугите во Одделот за граѓански работи.

Како што наведуваат од МВР, целта е да се одржи професионален изглед, достоинство на институцијата и поголема меѓусебна почит при користење на административните услуги.






Граѓаните кои доаѓаат за лични документи, пасоши или други услуги се повикуваат да обрнат внимание на начинот на облекување, кој треба да биде соодветен за државна институција.

Според новите правила, како неприфатлива облека се сметаат многу куси и тесни здолништа, шорцеви наменети за плажа или спорт, како и облека што го открива стомакот, градите или долната облека.

Исто така, не е дозволена облека која се користи во домашни услови, на плажа или во ноќни клубови, како и тренерки и спортска облека.

Под забрана се и влечки, папучи, кломпи, налани и апостолки, како и облека со навредлива содржина – текстови, слики или симболи кои можат да бидат несоодветни во институционална средина.

Од МВР додаваат дека и вработените се должни да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување, со што се уедначува професионалниот изглед во сите служби.

Поврзани содржини